„Мозаикот на соживот“ изложен во просторот ЕКСПО во Кисеџик, Турција, заслужи место во Гинисовата книга на рекорди како најголем поден мозаик направен од природен мермер. Овој мозаик е направен од 40 тони камен во 44 различни бои.
Во неговата изградба учествуваа 300 луѓе, а се простира на површина од 1.600 квадратни метри.