Австралија денеска регистрираше 5.450 пациенти заразени со коронавирус во болниците, што е најголем број од избувнувањето на пандемијата.
Бројот на хоспитализирани пациенти се зголемува од крајот на јуни.
Претходниот рекорд е регистриран во јануари, кога во болниците имало 5.390 заразени лица.
Околу 95 отсто од Австралијците постари од 16 години примиле две дози од вакцината, а 71 отсто примиле трета доза.
Вирусот однесе 11.181 живот во Австралија, според Ројтерс.