More

    Најбогатиот човек во светот Илон Маск го купи Твитер

    spot_img

    Единаесет члениот борд на Твитер денеска ја прифати понудата на Илон Маск, откако во текот на викендот одржале средба со најбогатиот човек на планетата на која тој им го претставил финансискиот план зад неговата понуда.

    44 милијарди долари вредната понуда за Твитер од сопственикот на Тесла, ќе биде финансирана од сопствени средства на Маск и подршка од банкарскиот гигант на Волс Стрит Морган Стенли, како и неколку други компании.

    Минатата недела Маск финансискиот план за преземање на Твитер го претстави и пред американските регулатори, што според Ројтерс и Њујорк Тајмс сериозно го омекнало отпорот на бордот кој претходно презеде чекори за спречување на преземањето.

    Продажбата на Твитер се очекува да биде финализирана до крајот на годината а во соопштение Маск порача дека социјалната мрежа има огромен потенцијал кој тој планира да го оствари.

    – Инвестирав во Твитер затоа што верувам во неговиот потенцијал да биде платформа за слободно изразување низ целиот свет и верувам дека слободата на говорот е социјален императив за функционирање на демократијата. Меѓутоа, како што инвестирав во компанијата, не го сфатив ниту тоа. го бара ниту му служи на тој социјален императив – напиша Маск.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img