Централното раководство на Алијанса за Албанците ќе преговара со Владата. Наредниот период ќе се одлучува, комисија ќе преговара дали Алијанса за Албанците ќе влезе во Владата или ќе остане опозиција, соопштија денеска по завршување на централното собрание од АА.
Тим на Алијанса на Албанците наредниот период, ќе разговара за евентуално вклучување на партијата во Владата, или ако се продолжи повеќе, евентуално да се прекинат и да се донесе конечна одлука. Претседателот на партијата Арбен Таравари, рече дека имале плодна дискусија, дел од членовите биле за, некои против, централното претседателство, раководството на партијата ќе треба да ја донесе конечната одлука.
– Централното собрание го овласти централното раководство на Алијанса за Албанците евентуално да одлучи понатаму да има официјална екипа којашто ќе разговара следните шест-седум дена до максимум две недели за евентуално вклучување на Алијанса за Албанците во Владата или ако тоа продолжи повеќе евентуално да прекине и да донесе конечна одлука – изјави Таравари.
Комисијата ќе се бира на првиот состанок, во текот на наредната работна недела, дотогаш централното претседателство ќе избере комисија која ќе ги почне преговорите.
– Имаше дискусија. Имаше плодна дискусија. Има коишто мислат дека е добро да се направи поинакво владеење, да се покаже каков капацитет за владеење има Алијанса за Албанците, а имаше и членови на Централното собрание коишто мислеа дека треба да се продолжи со опозитаризмот, така што не овласти како Централно претседателство сега да ја донесеме конечната одлука. Таа комисија ќе ја избира Централното претседателство. Се надевам дека на првиот состанок што ќе го има во тек на оваа недела што е пред нас – изјави Таравари.
Претседателството ќе ја избира комисијата. На централното собрание не се зборувало за кадровски решенија, туку на што треба да внимава и да инсистира Алијанса доколку биде дел од Владата
– Да, тогаш Централното претседателство ќе избере комисија што официјално ќе започне преговори и ќе видиме, ќе констатираме на Централно претседателство дали да се продолжи или да се прекине тотално. Имаше дискусија , беше плодна дискусија. Меѓутоа за кадровски решенија воопшто не зборувавме. Повеќе за програмскиот дел на што треба да внимава и да инсистира Алијанса доколку биде дел од Владата – кажа Таравари.
Фокусот на партијата останува антикорупцијата и правна држава.
– Има одредени, знаете имавме предлог-мерки за антикорупција и правна држава, да се донесе закони за ветинг на судии и обвинители, потоа има и други работи коишто не би сакал сега да ги нагласам, меѓутоа овие се главните работи. Значи, нашиот фокус ќе бидат антикорупција и правна држава – изјави Таравари.
Претходно, беа избрани членовите на раководните тела на Алијанса за Албанците. Претседател на централното собрание е бившиот лидер на Алијанса, Зијадин Села, генерален секретар е Кренар Лога, организациски секретар, Исен Шабани.
Едно место оставено е за Тетово кое допрва ќе го избира претставникот од огранокот. Тројцата потпретседатели се Елми Азири, Илире Даути и Бујаре Абази.