More

    На Пелинце се чека околу 30 минути

    spot_img

    Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничниот премин Табановце, за излез од државата се чека околу 1 час, а за влез во државата околу 40 минути. На граничниот премин Пелинце за влез и за излез од државата се чека околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

    Поради појава на магла, намалена видливост има на следниве патни правци: Битола – Прилеп – Плетвар 50 – 100 метри, Кичево – Македонски Брод 50 – 100 метри, Скопје – Куманово 50 – 100 метри, Скопје – Велес 50 – 100 метри, Велес – Катланово 50 – 100 метри, Кочани – Штип 50 – 100 метри и Тетово – Групчин 150 метри.

    АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img