Портпаролката на Светската здравствена организација (СЗО) Маргарет Харис денеска изјави дека е далеку крајот на пандемијата со ковид-19.
– Дефинитивно сме на половина пат од пандемијата – истакна Харис.
По повеќе од еден месец континуиран пад на бројот на инфицирани со коронавирусот, минатата недела е забележан пораст на случаите, како и повторно воведување на карантин во Азија и во една кинеска провинција.
Здравствената агенција на ОН неодамна објави дека акутната фаза на пандемијата може да заврши оваа година, но дека сè зависи од тоа колку брзо ќе се достигне бројот од 70 отсто вакцинирани жители во секоја земја, што е само еден од факторите.