Неодамна во Брисел беше отворен музеј на илузии, со цел научно да објасни како човечкиот мозок може да ја искриви реалноста преку сетилата, објави порталот „Фокус на Белгија“.
Музејот, кој се наоѓа во поранешен театар изграден во 1912 година, на 700 квадратни метри, го објаснува функционирањето на мозокот, сетилата за вид и перцепција.
Посетителите се нурнати во светот на оптичките илузии за време на интерактивна, едукативна и забавна прошетка.
Сепак, според раководството на музејот, забавата не е главната цел, научниот пристап останува приоритет. Загатките и таканаречените паметни соби треба да помогнат да се разбере зошто нашите сетилни перцепции понекогаш ја искривуваат реалноста.
Само треба да научите да изгледате поинаку за да почнете да го гледате светот поинаку, објави порталот.