More

    Медведев е се поблиску до полуфинале против Ѓоковиќ

    spot_img

    Русинот Даниил Медведев е последниот учесник во четвртфиналето на турнирот од серијата 500 во Астана. Четвртиот играч во светот во два сета го совлада Емил Русувуори со 6:3, 6:2 за час и 16 минути игра.

    Медведев со брејк го започна дуелот против 53. тенисер на АТП листата, а откако во деветтиот гем му препушти само три поени на сервис на ривалот, уште еднаш му го одзеде сервисот на Финецот за убедливи 6:3.

    Вториот сет беше многу подобар и понеизвесен. Русинот поведе со 2:0, но не успеа да го потврди брејкот во третиот гем.

    Но, Медведев ја искористи втората шанса – брејкираше за 4:2, а набрзо ја искористи и првата меч топка на сервис на Русувуори.

    Неодамнешниот светски рекет број еден во четвртфиналето ќе се сретне со Роберто Баутиста Агут, кој ден претходно беше подобар од Павел Котов во два сета. Доколку победи во полуфиналето, би можел да се сретне со Новак Ѓоковиќ, кој во петок ќе игра со Карен Хачанов.

    Во останатите четвртфинални дуели ќе се сретнат Стефанос Циципас-Хуберт Хуркач и Адријан Манарино-Андреј Рублев.

    Гледајте ги дуелите од Астана на Sport Klub со SBB, Total TV и EON платформата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img