Истакнатата вокална солистка Маја Оџаклијевска пред неколку години со публиката ја сподели својата тешка животна приказна дека, меѓу другото, од месец во месец живее со само 33.000 динари, колку што е нејзината пензија.
Благодарение на долгогодишната работа и постоење на јавната сцена, таа даде врвен придонес во националната култура, за што ѝ беше доделена национална пензија во Србија.
Националната пензија што ќе ја добива секој месец, заедно со онаа што веќе ја добива, изнесува 60.000 динари, а ќе ѝ се исплаќа до крајот на животот.
По тој повод, пејачката зборуваше за медиумите и истакна дека е многу возбудена бидејќи ова за неа е многу престижно признание.
„Среќна сум, а малку еуфорична. Тоа значи дека залудно не сум ја работела својата работа и дека тоа сум го правела на добар начин. Мислам дека ова е престижно признание и им се восхитувам на сите што го освоија.Се надевам дека нема да има незадоволни од одлуката. Ние се трудевме Србија секогаш да ја претставиме на вистински начин во светот“, изјавила Маја за српските медиуми.
Да потсетиме, Владата на Србија го усвои предлогот на комисијата за доделување признание за врвен придонес во националната култура, а дваесетина уметници, меѓу кои и Маја, до крајот на животот ќе добиваат додаток од 60.000 динари на редовната пензија, т. н. националната пензија.
Освен неа, ваков приход ќе имаат и драмскиот уметник и актер Богдан Диклиќ, драмскиот уметник, актерот Воислав Брајовиќ, драмскиот уметник, актерот Лазар Ристовски, балетскиот уметник Константин Костјуков, експертот за култура Радослав Зеленовиќ, вокалната солистка Маја Оџаклијевска, музичарот Борисав Ѓорѓевиќ и други.
ФОТО: Јутјуб