„Ја презирам смртта од дното на душата. За жал, се плашам дека по ова нема живот“.
Вака изјавил познатиот музичар Савиќ во интервју за емисијата „Премиера викенд специјал“, не ни сфаќајќи дека денешниот ден ќе дојде толку брзо, пишува српски Курир. Музичарот почина денеска на 61 година по лекување од рак на белите дробови.
– Многу луѓе ме касаа, но стигнав до целта без ниту едно скинато парче. Многумина се обидоа да ми застанат на патот. За време на војната имаше секакви инсинуации. Војната ми остави длабок впечаток. Ме научи да не му верувам секому и да го заштитам мојот тесен круг на големи луѓе, само тие што ми стојат во прегратка. Мојата ќерка, сопругата и кучето. Мојата најголема љубов е мојата сопруга – додава Масимо во неодамнешното телевизиско интервју.
Неговата сопруга и ќерка се простија од него на социјалните мрежи велејќи дека „засекогаш ќе бидат неговите девојки“.
Бурниот живот на Масимо оди преку Австралија и низ Италија, а и двете земји му биле при срце. Имал шанса да земе италијанско државјанство, но не го земал. Неговата мајка била авантурист и патувала, но најголемата поддршка за музиката ја имал од својата тетка.
– Првите музички моменти ги доживеав со тетка ми Елеонора. Таа беше мојата најголема поддршка во детството. Мајка ми беше мајка, но нејзината најмлада сестра ми беше најдобра пријателка и остануваме во добри односи до ден-денес. Имаше денови кога мајка ми и татко ми се разделуваа, но не толку тешко што оставија трага на мене. Бев доста зрел, знаев дека работите се минливи. Врската меѓу моите родители беше романтична и турбулентна. Се запознале кога тој бил слеп, пред операцијата. Мислеле дека нема да ја преживее таа операција, но ја преживеа. Тој не гледал до својата 61 година кога се запознале. Со многу силна диоптрија виде и преживеа. На мајка ми ѝ рекол „Може ли да те посетам, кога ќе се видам пак, да се венчаме“ и така се случи. Ги раздели болеста, му беше дијагностицирана леукемија, се исплаши и само замина и умре – неодамна изјавил Масимо.
Тој имал и финансиски проблеми, но како што вели, научил да биде столб на фамилијата.
– Должев дваесет илјади евра. Јас тој кредит не го ни почувствував. Финансискиот период ме допре нешто малку. Заштедив многу, научив да бидам столб на моето семејство.