Маж паднал од балкон и починал на самото место, соопшти охридската полиција.
Ноќеска во 01.22 часот во СВР Oхрид било пријавено дека В.Б. (69) од селото Мешеишта, општина Дебарца, паднал од балкон на семејната куќа и починал.
Смрт без траги на насилство е констатирана од лекар во Итната медицинска помош Охрид, а увид извршија јавен обвинител и полициски екипи.