Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија посегна по секирата на првенството за цепење дрва во земјата и лично одржа обука како се прави тоа. Тој прати искрена порака до европските земји. Тој рече дека Белорусите можат да им пратат трупци на Европејците за да имаат со што да се згреат, а дрвата да не пропаднат.
– Ова се тешки времиња. Треба да им се помогне на нашите луѓе во странство. Таму луѓето не можат да купат огрев, а ние тука се забавуваме, на шега ги цепиме овие дрва. Недај Боже да пропаднат. Можеме да се организираме и да ги однесеме до границата – рекол белорускиот лидер.
Лукашенко повика на заедничко правење скара со комшиите на Белорусија.
– Нека знаат Литванците, Летонците, Полјаците и Украинците дека сме подготвени заедно да се грееме и да правиме скара – рекол тој.