More

    Лукашенко им нареди на белоруските експерти да обезбедат струја за Чернобил

    spot_img

    Белорускиот претседател Александар Лукашенко им наложи на белоруските експерти да обезбедат електрична енергија за нуклеарната централа Чернобил во Украина, јави белоруската новинска агенција Белта.

    Украина во средата објави дека постои опасност од истекување на радиоактивни материјали во Чернобил, откако поранешната нуклеарна централа остана без струја.

    Имено, украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом соопшти дека е прекинато снабдувањето со електрична енергија на поранешната централа во Чернобил, предупредувајќи дека може да дојде до испуштање на радиоактивни материи, бидејќи потрошеното нуклеарно гориво не може да се лади.

    Енергоатом во објава на Телеграм напиша дека високонапонскиот вод што ја напојува електраната е исклучен, откако претрпе оштетувања за време на руската окупација на нуклеарната централа пред речиси две недели.

    Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко за Би-Би-Си изјави дека Украина нема пристап до информации за мониторингот во нуклеарната централа и затоа не може да процени дали се испуштени радиоактивни материи.

    „Мораме да го поправиме што е можно поскоро“, рече Галушченко.

    Украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба ја повика Русија да се согласи на прекин на огнот со цел да се изврши итна поправка на затворената нуклеарна централа во Чернобил.

    Тој наведе дека резервните дизел агрегати имаат капацитет да ја снабдуваат нуклеарната централа со електрична енергија 48 часа.

    После тоа, системите за ладење за складирање на потрошеното нуклеарно гориво ќе престанат да работат, што неминовно ќе испушта радијација“, напиша Кулеба на Твитер.

    Во меѓувреме, Меѓународната агенција за атомска енергија не забележа „никакви критични последици по безбедноста“.

    Таа на Твитер напиша дека сегашниот развој на ситуацијата претставува закана за клучниот безбедносен столб за обезбедување непречено снабдување со електрична енергија, но дека „во овој случај, МААЕ не гледа критични последици за безбедноста“.

    Русија ги обвини украинските сили за напад на далноводи и трафостаница што снабдува нуклеарна енергија, пишува Ројтерс.

    Нуклеарната централа Чернобил, која е радиоактивна, се наоѓа на околу 100 километри од Киев. Нејзиниот четврти реактор експлодираше во април 1986 година за време на неуспешен тест за безбедност, испраќајќи облаци од радијација што се проширија низ Европа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img