More

    Лисичанск падна, следни градови се Словјанск и Бакмут

    spot_img

    Падот на градот Лисичанск во Украина под руска окупација „многу боли“, но тоа не значи дека Украинците ја изгубиле војната. Вака смета украинскиот гувернер на градот, Сергеј Хајдај. Тој вели дека следна руска мета ќе  бидат градовите Словјанск и Бакмут.

    – Во воена смисла, лошо е да се напуштат позициите, но, нема ништо критично во падот на Лисичанск. Мораме да победиме во војната, а не во борбата за Лисичанск. Ова многу боли, но, не ја изгубивме војната – смета Хајдај.

    Според него, повлекувањето на украинските борци од Лисичанск беше изведено „согласно со планот“, бидејќи имало опасност бранителите да бидат опколени.

    – За Русите, Доњецк сега е примарна цел. Словјанск и Бакмут ќе бидат нападнати. Всушност, Русите веќе почнаа жестоко да го гранатираат Бакмут – појасни Хајдај.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img