Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во понеделникот изјави дека средбата меѓу претседателот Владимир Путин и неговиот украински колега Владимир Зеленски треба да се одржи кога двете страни се поблиску до договор за клучните прашања.
Во обраќањето до српските медиуми, Лавров додаде дека секоја средба меѓу Путин и Зеленски за размена на мислења за конфликтот во овој момент би била контрапродуктивна, пишува Ројтерс.
На 24 февруари, Русија испрати десетици илјади војници во Украина во, како што ја нарече, специјална операција за намалување на воените капацитети на јужниот сосед и за искоренување на луѓето што ги нарекува опасни националисти.
Украинските сили пружија силен отпор, а Западот воведе сеопфатни санкции кон Русија во обид да ја принуди да ги повлече своите сили.