Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба повторно ја критикуваше Германија поради тоа што ги не испратила побараните тенкови како помош во борбата против руските сили.
Тој истакна дека Берлин ветил дека ќе и испрати ново оружје, но такво не ѝ е потребно на Украина.
Кулеба додаде дека „германските одлуки се мистерија” и дека во Берлин има „ѕид за оружјето”.
Германија пред два дена соопшти дека ќе и достави на Украина ракетни фрлачи и оклопни транспортери „Динго”, додека украинските сили се во контраофанзива.