Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека „секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици“. Тој потврди оти САД имаат план, доколку се случи нешто слично.
Блинкен одби да прецизира каков ќе биде американскиот одговор. Тој информираше и дека американски претставници го повикале Кремљ да „престане со приказната за нуклеарно оружје“.
Претходно Белата куќа соопшти дека „САД никогаш нема да ги признаат окупираните територии од Русија како што било друго освен дел од Украина“, коментирајќи ги сепаратистички референдуми во четири региони на Украина за приклучување кон Руската Федерација.
Портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер за „Си-ен-ен“ изјави дека „лажните референдуми“ се „флагрантно кршење на меѓународното право“.
– Што се однесува до она што го правиме, ние сме подготвени да воведеме дополнителни брзи и сериозни економски трошоци за Русија, заедно со нашите сојузници и партнери, како одговор на овие дејствија што ги гледаме моментално, доколку тие продолжат со анексија – појасни Жан-Пјер. Таа најави повеќе детали на оваа темата наредните денови.