More

    Костадинов вели дека Бугарија е должна да го заштити националниот интерес

    spot_img

    Нови провокации денеска пристигнаа од соседна Бугарија. Бугарскиот пратеник Костадин Костадинов од политичката партија „Преродба“ на денешната прва седница од новиот бугарски парламент изјави дека Македонија е втората бугарска држава.

    – Должни сме да го заштитиме бугарскиот национален интерес во втората бугарска држава во Европа, Македонија или како што е од скоро Северна Македонија – изјави Костадинов.

    Бугарското Народно собрание  ја прекина денешната свечена седница по двата неуспешни обиди за избор на претседател на парламентот, јави дописникот на МИА од Софија.

    Пратениците утре ќе направат нов обид за избор на спикер на 48. Народно собрание на Бугарија за излез од политичката ситуација.

    Предлогот за прекин на седницата дојде од претседателката на пратеничката група на ГЕРБ-СДС Десислава Атанасова.

    Претседателот на „Бугарски подем” и поранешен технички премиер, Стефан Јанев, повика на одржување претседателски совет за избор на претседател на 48. Народно собрание. Тој предложи да се направи обид да се истакне единствена кандидатура за која ќе се дебатира и гласа на состанокот в четврток.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img