Снимка од ајкула која плива во поплавена улица во Форт Мајерс во Флорида го обиколи интернетот. Невремето Иан кое со 185 километри на час успеа да потоне брод со мигранти, сега се заканува да им донесе нови проблеми на жителите. Тие најмногу се плашат од алигаторите кои живеат надвор од мочуриштето Еверглејдс. Алигаторите се опасност за домашните миленици.
Ајкулата прикажана на видеото е од помал вид. Но, во океанот кај Флорида живеат и т.н. бикови ајкули кои би можеле да преживеат во слатка вода, уште еден предзивик за населението кое остана без струја да се справува со поплавите и разорниот ветар.