На 09.02.2023 во заедничка координирана акција на полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, заедно со службеници од Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Царинската управа и Управата за јавни приходи, извршена е контрола на отпади на подрачјето на Скопје.
При контролата, во отпад за половни возила на ул.„Качанички пат“ во Скопје, сопственост на М.В. и Ј.П. од Скопје, утврдени се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување дејност без дозвола за работа и без регистрација во соодветен регистар, пронајдени се нецаринети возила кои потекнуваат од странство, како и едно возило под сомнение за фалсификување, за кои се поднесени соодветни поднесоци од надлежните институции.
Во отпад, сопственост на Ф.О.(46) од Скопје, по извршена проверка во документација констатирани се повеќе неправилности во работењето, меѓу кои обавување на нерегистрирана дејност, недоследности во управување со отпад, а за затекнатите возила ќе бидат извршени дополнителни проверки. Од надлежните институции сочинети се записници и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.