Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ го следеше вчерашниот натпревар одигран меѓу Бразил и Швајцарија во Катар, а особено внимание привлече нејзиниот избор на облека.
Наместо народна носија, овој пат таа се одлучи за кошула со црвено-бели квадрати од познатиот моден бренд „Луј Витон“, која чини околу 1.800 евра.
Станува збор за модел од минатогодишната колекција, а на интернет во продажба може да се најдат само неколку парчиња.
На Инстаграм Колинда објасни зошто решила да дојде на натпреварот облечена во овој дрес.
„Во спомен на легендарниот дизајнер Вирџил Аблох, голем вљубеник во Хрватска и Огнените, кој почина на денешен ден пред точно една година, носев негова кошула, инспирирана од хрватските квадратчиња. Му благодарам за тој прекрасен подарок“, напиша таа.
ФОТО: Инстаграм