More

    Кога принцот Луис помислил дека Кејт и Вилијам го оставиле сам

    spot_img

    Принцот Луис повторно воодушеви многумина на еден кралски настан. Најмалото дете на принцот Вилијам и принцезата Кејт му се придружи на своето семејство за првпат на традиционалната божиќна прошетка од 300 метри од Сандрингам до црквата Света Марија Магдалена, која се одржува од 1988 година, пренесува „Индекс.хр“.

    Во еден момент принцот забележал дека неговите родители веќе заминале, а потоа одеднаш почнал да трча кон нив. Еден обожавател кој случајно се нашол на настанот го сликал Луис и воодушевил многумина кои во коментарите напишале колку им е сладок принцот.

    Ова е првпат најмладиот принц да им се придружи на своите родители, братот и сестрата принцот Џорџ (9) и принцезата Шарлот (7) на божиќната прошетка.

    Луис претходно го украде вниманието кога правеше различни гримаси на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета втора во јуни. Тој беше снимен како го вади јазикот, ја покрива устата на мајка си и вреска додека ги покрива ушите. Дури и неговите родители се пошегуваа кога на инстаграм-профил заедно со неколку фотографии од прославата напишаа: „Сите си поминавме неверојатно, особено Луис…“

    ФОТО: Твитер

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img