More

    Ковачевски: Сакам најниско што е можно да поскапи струјата

    spot_img

    Кризната состојба се носи за да се предвидат мерки и активности, за полесно, побезболно и со помалку пари, се справиме со енергетската криза која што претстои со грејната сезона. Сметам дека одлуката е правилна, сега е потребна, да се подготвивме, колку што можеме за да ги примиме сите енергетски удари, во делот на цените и недостатоците на електрична енергија, изјави вечерва директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

    Ковачевски, во гостување на телевизија Канал 5, рече дека рестрикциите не се опција, како и дека не сака да шпекулира со бројки, но дека поскпувањето на струјата од јануари за граѓаните ќе биде најниско што е можно.

    – Уште од сега се знае дека ќе има поскапување од јануари. И не само кај нас. Јас сакам поскапувањето за граѓаните да биде најниско што е можно. Не можам да шпекулирам со бројки. Блок тарифите ги завршуваат работите – изјави Ковачевски.

    Според Ковачевски, нема земја во Европа којашто не донела мерки за штедење, и нагласи дека тоа не значи дека не може да се произведе доволно енергија, туку таа да се зачува за зимските месеци, кога може да се соочиме со недостаток на глобално ниво.

    – Историски гледано, ние никогаш не сме произведувале 100 отсто струја. Нашето производство е 71 процент за регулираниот пазар – домаќинствата и малите потрошувачи, а останатите е слободниот пазар, каде е стопанството, економијата и институциите. Ние, како државна компанија и институциите, ЕСМ, МЕПСО и ЕВН имаме обврска да испорачаме 100 проценти кон домаќинствата и малите потрошувачи и тоа успешно го правиме. Оваа година имаме 25 отсто плус производство од минатата година. Таа енергија е доволна за регулираниот пазар. Сите стопански субјекти и институциите, треба да ја набавуваат на отворена берза и тука се цените значително повисоки – истакна Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img