More

    Ковачевски: Моментално не се разговара за влез на опозициската Алијанса на Албанците во Владата

    spot_img

    Моментално не се разговара за влез на опозициската Алијанса на Албанците во Владата, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на прес конференција во Владата.

    Тој рече дека го радува што владините ставови што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка од оваа партија.

    – Тоа е политичка партија која во својата програма и јавни настапи има добар дел од ставовите кои се прогресивни во делот на продолжување на европскиот пат на државата, во делот на борбата против корупцијата, владеењето на правото и сметам дека тоа е добро. Меѓутоа, во моментов не се разговара за конкретна соработка во дел на приклучување кон владата. Но, ме радува дека ставовите што се однесуваат на иднината на државата имаат поддршка во АА – рече Ковачевски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img