More

    Кит Ричардс: Стоунс сакаат да останат заедно, заедно сме покреативни

    spot_img

    Гитаристот на Ролинг Стоунс, Кит Ричардс, по повод почетокот на 60-годишнината турнеја изјави дека членовите на бендот сакаат да останат заедно во догледна иднина.

    Во интервју за The Sun’s Bizzare, Ричардс одговараше на прашања за долговечноста на бендот.

    „Животот е премногу интересен за да се умре. Мислам дека најважно е што сите во бендот сакаат да останеме заедно. Секако, имавме и подеми и падови, но на крајот сфативме дека сме покреативни кога сме заедно“, истакна тој, пренесува NME.

    Тој додаде дека за шест децении постоење, нормално е членовите на бендот да се навикнуваат еден на друг.

    „Она што е особено важно кога сте дел од добро координирана група е да се познавате толку добро што во еден момент можете точно да предвидите што ќе се случи следно“, вели Кит Ричардс.

    Да потсетиме, Стоунс својата европска турнеја ја започнаа во средата со концерт во Мадрид, кога за првпат во живо го изведоа синглот „Out Of Time“ од 1966 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img