More

    Кинескиот министер го предупреди претседателот Бајден да внимава со изјавите

    spot_img

    Кина денеска го повика американскиот претседател Џо Бајден да не ја „потценува нејзината цврста решеност да го заштити својот суверенитет“, обраќајќи му се директно затоа што тој претходно денеска од Токио вети дека ќе употреби сила во случај на кинеска инвазија на Тајван. Од друга страна, Тајпеј не го криеше своето  воодушевување од изјавата на Бајден.

    Бајден во Токио кажа дека САД воено ќе го бранат Тајван во случај на инвазија на Пекинг на овој автономен остров, предупредувајќи дека Кина „флертува со опасност“ со своите воени маневри и дека ќе го брани Тајван од можен кинески напад.

    – Веднаш бараме од САД да избегнуваат испраќање лоши сигнали до силите кои се залагаат за независност на Тајван – изјави портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин.

    Тајпеј, пак, ја поздрави пораката на Бајден за тоа дека Вашингтон воено ќе го брани Тајван во случај Пекинг да го нападне островот, кој Кина го смета за дел од своја територија.

    Тајванското Министерство за надворешни работи му се заблагодари на Бајден што ја потврди неговата посветеност на земјата, додавајќи дека владата ќе продолжи да ја зајакнува одбраната и да ја продлабочува соработката со земји како САД и Јапонија за одржување на безбедноста.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img