Ким Катрал, популарната Саманта Џонс, откри дека никогаш не била побарана да биде дел од новата верзија на „Сексот и градот“, серијата „And just like that…“.
Таа била скршена и поради заплетот кој требалo да стане трет филм, а во кој се планирало Саманта да добие несакани „фотографии од машкиоt полов орган“ од Брејди, 14-годишниот син на Миранда Хобс. На крајот сѐ довело до тоа Ким да го одбие проектот, пишува „Дејли мејл“.
– Никогаш не бев замолена да бидам дел од новиот проект. Јасно ги изразив своите чувства по можниот трет филм, па дознав за серијата како и сите други – на социјалните мрежи – изјавила 65-годишната актерка за „Варајети“.
Ким рекла дека повеќе би ѝ се допаднала идејата Саманта да биде приморана да ја продаде својата ПР-компанија на „некој тип во дуксер“ поради финансиската криза во 2008 година.
– Зошто Саманта, која поседува ПР-компанија, не може да ја продаде својата компанија поради финансиски проблеми? Тешка беше 2008 година. Некои луѓе сè уште се опоравуваат. Морала да ја продаде на некој тип во дуксер, па тоа е дилемата што ја има. Мислам, тоа е сценарио кое на некој мој претставник му беше во главата, а јас мислев дека е одлична идеја… Наместо малолетно момче… – изјави актерката.
Кога нејзиниот лик не напредуваше, Ким се откажа од третиот филм.
– Но, исто така, бев подготвена. И токму тоа сакав: да бидам на различни места и да играм различни ликови затоа што сум карактерна актерка – рекла Ким и додала:
– И колку и да беше тешко, и колку и да беше страшно да се стане и да не се биде малтретиран од печатот, фановите или кој било друг – само за да можам (на тимот од „Сексот и градот“) да им кажам ‘Добро сум’. Јас сум на друг пат во моментов. Беше одлично да се работи со тебе. Толку многу уживав, но продолжив понатаму“, изјави актерката.
Таа има свое мислење и за серијата „И баш така…“.