More

    Ким Кардашијан во текот на гостувањето во подкастот на Енџи Мартинез се расплакала поради односот со поранешниот сопруг, раперот Канје Вест

    spot_img

    Старлетата Ким Кардашијан (42) во текот на гостувањето во подкастот на Енџи Мартинез се расплакала поради односот со поранешниот сопруг, раперот Канје Вест (45). Додека зборувала за воспитувањето на децата со Канје, не можела да ги запре солзите.

    Канје поради бројните неодамнешни скандали со антисемитски изјави, често е во центарот на вниманието на јавноста.

    „Заедничкото воспитување е толку тешко“, изјавила Ким.

    Ким навела дека прави сѐ за да ги заштити своите деца од контроверзното однесување на својот поранешен сопруг.

    „Имав одличен татко за кој ме поврзуваат најубавите спомени. Сакам и моите деца да го имаат тоа. Ако не знаат што се зборува или што се случува во светот, зошто мора да се справуваат со негативните работи? Со нив не се спремни да се справат ниту возрасните не се подготвени да се справат со нив“, рекла старлетата и продолжила:

    „Спремна сум децата да почнат да ми поставуваат прашања за јавните истапи на нивниот татко, но од мене никогаш нема да слушнат грд збор за Канје.“

    Таа рекла и дека знае дека еден ден децата ќе ѝ бидат благодарни.

    „Еден ден моите деца ќе ми се заблагодарат што не зборував лошо за нивниот татко иако имав можност. Приватно ќе им дадам одговори на сѐ што сакаат да знаат“, рекла таа.

    Ким и Канје, кои се венчаа во 2014 година и се разделија на почетокот на 2021 година, имаат заедно четири деца: Норт (9), Сент (7), Чикаго (4) и Псалм (3).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img