More

    Кики Рахимовски ќе пее на концертот во чест на татко му

    spot_img

    Поминаа речиси два месецa откако легендарниот пејач Аки Рахимовски ненадејно нѐ напушти. Фронтменот на групата „Парни ваљак“ почина на 67-годишна возраст откако ненадејно му се слоши, а во спомен на 26 март во Арена Загреб ќе се одржи голем концерт на кој ќе настапи неговиот син Кристијан Рахимовски (40) и покрај зачестените здравствени проблеми кои му го отежнуваат секојдневието последниве денови. Кристијан им се јавил на своите придружници на Фејсбук и порачал дека ништо нема да го спречи да настапи на концертот посветен на неговиот сакан татко.

    „Оние чемпреси за кои сонуваше татко ми, ниту мене не ми го донесоа баш нешто најдобро во животот. Последниот месец водам страшна битка со нив. Кога на Хус му го реков тоа во текот на пробата во една пауза, сите малку се насмеавме колку што е тоа можно во ваква ситуација. Па си реков дека алергијата нема да ме спречи да запеам за татко ми. Подобро ми е, а пред неколку дена буквално едвај дишев… Ништо луѓе, терапијата дејствува, не сонувам за чемпреси и сѐ што можам да кажам е: „Да! Се гледаме во Арена! Тато ќе биде со нас и ние со него како едно срце“, напишал Рахимовски помладиот во објавата.
    На концертот ќе му се придружат Џибони и Дино Јелушиќ, кои исто така ќе ги изведат некои од најголемите хитови што Аки со години ги пеел на распродадените концерти.

    Инаку, Кристијан е најстариот син на Аки Рахимовски, а по погребот на Мирогој ја посети Македонија каде ја посети својата баба, но и куќата на Тоше Проески во Крушево. Во таа прилика се осврна и на можноста да го наследи својот татко во „Парни ваљак“.

    -Нема ни време ни место за медиумски озборувања и тези кои сега ги преплавуваат социјалните мрежи за тоа дека јас ќе го „наследам“ татко ми во „Парни ваљак“ затоа што никој не може да го замени татко ми, па така ниту јас. Ако некој некогаш ме покани некаде да испеам песна или две на татко ми, секогаш со задоволство ќе го направам тоа од се срце, но немам намера да ја градам кариерата во името на татко ми, ако ме разбирате… Јас, кога малку ќе го одболам татко и ќе соберам сили, ќе влезам во студио и ќе продолжам по својот пат, компонирајќи и пеејќи ги нивните песни, затоа што тоа би го сакал и татко ми – изјави Кики Рахимовски на почетокот на февруари.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img