Украина ја обвини Русија дека ја уценува меѓународната заедница, откако рускиот заменик министер за надворешни работи Андреј Руденко зборуваше за можно деблокирање на украинските пристаништа на Црното Море во замена за укинување на некои санкции, јавува Би-Би-Си.
Украинските пристаништа на Црното Море се блокирани откако Русија испрати илјадници војници во Украина.
Блокадата на украинските пристаништа влијаеше на достапноста на храната, што доведе до недостиг на пченица и масла за јадење.
Украина е еден од најголемите светски извозници на пченица, сончоглед и пченкарно масло.
„Нема подобар пример за уцена во меѓународните односи“, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба во Давос.
Тој исто така повика на воведување дополнителни санкции против Русија, наведувајќи дека отстапките за таа земја никогаш не функционирале.
„По три месеци војна, мојата порака е јасна: убијте го рускиот извоз. Престанете да купувате од Русија и дозволете им да ги заработат парите што ги инвестираат во воената машина за убивање и уништување“, рече Кулеба.