По долгото работно лето во Белград, каде што и живее последните години, македонскиот пејач Даниел Кајмакоски замина на одмор.
Кајмакоски сподели на својот инстаграм-профил фотографии од море, а една од нив привлече најголемо внимание. На фотографијата од плажа, се гледаат женски нозе, што ги покрена шпекулациите дали е ова новата девојка на пејачот.
А, на фотографијата на која наздравува со пиво се гледа женска рака.
Кајмакоски беше во брак со манкенката Кристина Димитриевска, со која доби дете.
ФОТО: Инстаграм