Кога станува збор за нејзиното семејство, Кајли Џенер е една од најтаинствените ѕвезди, особено ако се земе предвид дека потекнува од ријалити семејството на кланот Кардашијан-Џенер. Можно е тоа да има врска со тоа што таа пораснала пред камери и во тој процес научила како да ги контролира информациите што одат во јавноста.
Кајли успеа целосно да ја сокрие првата бременост и раѓањето на ќерката Сторми од јавноста, истото се случи и со нејзиното второ дете. Сега, речиси една година по неговото раѓање, Кајли реши да му покаже на светот како изгледа нејзиниот син и да го открие неговото име.
Кајли Џенер официјално го претстави својот син на светот преку Инстаграм. Ријалити ѕвездата сподели фотографии од својот 11-месечен син и за првпат го откри неговото име, едноставно пишувајќи „Aire“ со емоџи со срце.
Веднаш одговори и гордата баба. „Те сакам Aire Webster“, напиша Крис Џенер. Според американските медиуми, името Аир значи божји лав.
Џенер и Тревис Скот го добија своето второ дете во февруари минатата година, првично наречено Волф Жак. Сепак, младата мајка во март објави на Инстаграм дека нејзиното второ дете повеќе не се вика Волф.
„Едноставно не се чувствувавме како да е тој. Сакавме да го споделиме тоа бидејќи го гледам Волф насекад“, објаснила таа тогаш.
Тогаш таа не откри дали го смениле и неговото средно име Жак, што е вистинското име на нејзиниот сопруг. Вистинското име на раперот Тревис Скот е Жак Бермон Вебстер II. И нивните деца – Сторми Вебстер и Аир Вебстер – го носат тоа презиме.