Хрватските фудбалери по подоброто изведување на пенали ја совладаа селекцијата на Јапонија и се пласираа во следната рунда од натпреварувањето каде за противник ќе го имаат силниот Бразил.
Хрватските фудбалери по подоброто изведување на пенали ја совладаа селекцијата на Јапонија и се пласираа во следната рунда од натпреварувањето каде за противник ќе го имаат силниот Бразил.
На стадионот „Ал Џануб“, „Флемс“ повторно имаа поддршка од најпознатата навивачка Ивана Нол.
Атрактивната Хрватка заврши во сите светски медиуми, на првиот натпревар од групната фаза меѓу Хрватска и Мароко (0:0) се прошета по трибините и го привлече вниманието на тамошните навивачи.
Атрактивната Хрватка заврши во сите светски медиуми, на првиот натпревар од групната фаза меѓу Хрватска и Мароко (0:0) се прошета по трибините и го привлече вниманието на тамошните навивачи.
Неколку Катарци не и одолеаа на атрактивната хрватска навивачка, ги земаа мобилните телефони и ја фотографираа. Ова како молња се рашири на интернет, а еден од катарските претприемачи Мохамед Хасан Ал Џефаири имаше објаснување за потегот на своите сонародници:
„Само за ваша информација, не ја фотографираа затоа што им се допаѓа, туку затоа што не им се допаѓа како е облечена, што е несоодветно за нашата култура. Секој Катар може да го потврди тоа. Веројатно тоа го направија за да ја осудат“, изјави тој на социјалните мрежи, пренесува шпанска Марка.