Контроверзниот и сè поосамен рапер Канје Вест и неговата поранешна сопруга, ријалити ѕвездата, милијардерката и претприемачка Ким Кардашијан, накратко ги оставија настрана несогласувањата за заедно да го прослават седмиот роденден на нивниот син Сеент, објави TMZ.
Не е познато дали на роденденската прослава присуствувале членови на семејството Кардашијан-Џенер и роднини.
Забавата ја организираа поранешните сопружници откако минатата недела постигнаа договор според кој раперот, сега познат по уметничкото име „Је“, ќе плаќа месечна издршка во износ од 200.000 долари и дека двајцата ќе се грижат за нивните четири деца.
Ким Кардашијан, една од основачите на модниот бренд SKIMS, претходно изјави дека „секогаш ќе биде заштитничка“ кон својот поранешен сопруг. „Што и да се случи, тој е татко на моите деца“, рече таа.
Раперот, кој вели дека боледува од биполарно растројство и неодамна навести дека би можел да се кандидира за претседател на САД во 2024 година, предизвика нов бран критики велејќи дека го сака Хитлер и дека нацистите правеле добри работи и дека му треба тоа јавно да го каже.затоа што му е преку глава од етикетирање.
Канје Вест, кој беше заглавен во контроверзии, беше напуштен од неговите деловни партнери во последните недели. Така Адидас ја прекина соработката со него на крајот на октомври поради неговите антисемитски изјави. Му свртеа грб и модниот синџир Гап и модната куќа Баленсијага.
Кардашијан и Је, кои се венчаа во 2014 година и се разделија на почетокот на 2021 година, имаат уште три деца: деветгодишната Норт, четиригодишниот Чикаго и тригодишниот Псалм.