More

    Како гарантира промени во Уставот кога не е надлежна за него?

    spot_img

    Владата на Република Македонија да даде гаранција дека етничките Бугари ќе влезат во преамбулата на македонскиот Устав. Ова, меѓу другото, е наведено во оној вториот, нов француски предлог, со чие прифаќање земјава наводно ќе ги започне преговорите за членство во Европската Унија.

    Ваквото необично европско барање, пак, само по себе го наметнува клучното прашање: Како може Владата да дава гаранции за нешто за коешто не е надлежна, ако се земе предвид фактот дека само тој што го носи Уставот има право да го менува? Кога и со кои политички субјекти Владата постигнала согласност за промена на Уставот?

    Оти Уставот, како што ни е добро познато, се носи со двотретинско мнозинство во Собранието и во целата операција воопшто не учествува Владата, туку пратениците.

    Поранешниот претседател на Уставниот суд, Трендафил Ивановски, во разговор за Плусинфо објаснува дека Владата може да предложи промена на Уставот, но не може да гарантира дека со сигурност ќе се случи промената.

    Ивановски: Владата може да им даде гаранција, ама ако Собранието не може да обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш гаранцијата практично паѓа во вода

    – Во меѓународното право и во меѓународните односи, најчесто владите се тие што одлучуваат за меѓународната политика. Со оглед на тоа што кај нас Владата има некои овластувања со Уставот да настапува во меѓународната политика, сигурно се раководеле по тоа дека македонската Влада ќе може да даде некакви гаранции. Ако одиме по словото на законите, тогаш Владата е оперативен извршен орган кој може да предложи отворање на Уставот. Владата може да го подготви соодветниот предлог и да го достави до Собранието, а Парламентот преку Уставно-правната комисија да си ја врши својата работа. Значи, во превод, Владата може само да предложи отворање и промена на Уставот, но не може да гарантира дека со сигурност ќе се случат промените – објаснува Ивановски.

    Тој посочува дека македонската Влада може да ѝ даде гаранции на Франција, но како што појаснува, тоа не е правно-обврзувачки чин.

    – Правно-обврзувачки не е ни самиот француски предлог. Францускиот предлог е само предлог и ништо повеќе од тоа. Ако некој го прифати, тогаш ќе го прифати, а ако не го прифати, тогаш нема да го прифати. Истото важи и за барањето гаранција за отворање на македонскиот Устав. Владата може да им даде гаранција, ама ако Собранието не може да обезбеди двотретинско мнозинство, тогаш гаранцијата практично паѓа во вода – објаснува Ивановски.

    Со гарантирањето на договореното во францускиот предлог ќе се доведеме во самоблокада, предвидува политичкиот аналитичар Димитар Христов.

    Тешко е дека во догледно време ќе може во Собранието да се обезбеди двотретинско мнозинство

    Димитар ХристовПолитиколог

    – Владата никако не може да гарантира промена на Уставот, бидејќи највисокиот законски акт го носи Собранието, односно пратениците. Со гарантирањето на договореното од францускиот предлог, ќе се доведеме во самоблокада, бидејќи тешко е дека во догледно време ќе може во Собранието да се обезбеди двотретинско мнозинство – вели Христов.

    Истиот став го дели и пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановси, кој објаснува дека сегашната македонска Влада во моментов не може да обезбеди повеќе од 74 пратеници, додека, пак, за да се промени Уставот потребни се 80 пратеници.

    – Многу лесно може да се случи за брзо време Владата да го загуби парламентарното мнозинство. И во таков случај, што ќе се случи со гаранцијата? Како мислат тие да го променат Уставот со двотретинско мнозинство ако целосно го загубат мнозинството? Јас не гледам никаква логика во ваквото барање што е наведено во францускиот предлог. Сегашната македонска Влада и во моментов не може да обезбеди двотретинско мнозинство. Во најдобар случај за нив, со сите сили вперени кон обезбедување двотретинско мнозинство, сегашната власт на СДСМ и на ДУИ може да обезбеди максимални 74 пратеници, а за да се промени Уставот потребни се гласовите од 80 пратеници – објаснува Стојановски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img