Со одлука на градоначалникот Кирил Пецаков, за директор на ЈУДГ „Јасна Ристеска“ е назначена Ирина Mилеска која доаѓа на местото на досегашната директорка Мери Рилкова која поднесе оставка од функцијата.
Градоначалникот Пецаков и се заблагодари на досегашната директорка за добрата соработка, а и посака успех во работата на новоименуваната директорка.
Ирина Mилеска доаѓа од редот на вработените во установата и по професија е дефектолог.