More

    Избрани нови шефови на Виши јавни обвинителства

    spot_img

    Советот на јавни обвинители на продолжението на 70. седница денеска едногласно го избра Мустафа Хајрулахи за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје.

    Претседателот на Советот на јавни обвинители Антонио Јолевски на почетокот на седницата рече дека Хајрулахи е позитивно оценет со 23 поени. Членот на Советот на ЈО Арбер Исаку посочи дека Хајрулахи кој во изминатите четири години ја вршел оваа функција и покажал резултати и со неговиот избор само уште повеќе ќе се подобрат состојбите на подрачјето на Вишото јавно обвинителство.

    За шеф на Вишо јавно обвинителство Гостивар Советот на ЈО го избра Фарик Арслани. Во трка беа тројца кандидати Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан).

    На дневен ред на 70. седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлука за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во ОЈО ГОКК, но беше одложена.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img