Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ за еден месец ќе наполни 41 година, но не планира да се откаже од фудбалот.
Тој беше опериран на лигаментите на коленото во мај, но сепак потпиша едногодишно продолжување на договорот со Росонерите во јули.
Иако се шпекулираше дека Ибра ќе стави крај на кариерата, тој тврди дека ќе се врати во јануари.
„Ќе се вратам наскоро“, изјави Златан за La Gazzetta dello Sport.
„Не се повлекувам, се враќам и не се откажувам.