И Тетово и околината денеска околу пладне го погоди силно невреме кое предизвика големи проблеми на жителите.
Многу улици во Тетово беа поплавени од поројниот дожд, автомобил се заглави во водата, а многу подруми и приземја на индивидуални куќи исто така беа поплавени.
Се случи и прекин на испораката на електрична енергија.
– Нема повредени граѓани во невремето во Тетово, ниту излевање на реките во регионот – изјави попладнево за Канал 5 директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.