Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на Турција, соопштија од Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пренесе Ројтерс.
Сеизмолошкиот центар наведува дека земјотресот бил на длабочина од два километри.
Засега нема изјави од турските власти за евентуални жртви или материјална штета.