На Украина биле фрлени 45 руски ракети во последните 24 часа или речиси по две ракети на еден час. Ова во видеобраќање го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, Украина ќе ги врати сите градови кои Русите ги зазеле вклучително и Северодоњецк, кој од пред неколку дена е целосно под руска контрола.
Овој „циничен обид да се скрши духот на украинскиот народ“ вели Зеленски, покажува дека западните санкции против Русија не се доволни за да ѝ се помогне на Украина, на која ѝ треба оружје.