More

    Заслужувате да ја знаете вистината за злосторствата на Путин

    spot_img

    Британскиот премиер Борис Џонсон зборуваше руски јазик во видео во кое им се обрати на Русите. Видеото потоа беше објавено на Твитер.

    – Рускиот народ ја заслужува вистината, ги заслужувате фактите – почна Џонсон.

    Британскиот премиер, кој потоа своето обраќање го продолжи на англиски јазик, рече оти извештаите од Украина за злосторствата што ѝ се припишуваат на руската армија во Буча, Ирпин и на други места во Украина го „преплашија светот“.

    – Тие снимки и фотографии се толку шокантни и страшни што не е ни чудо што вашата Влада се обидува да ги сокрие од вас. Вашиот претседател (Владимир Путин) знае оти вие не би ја поддржале оваа војна, кога би можеле да видите што се случува – рече во своето обраќање Џонсон.

    Тој додаде оти рускиот претседател е обвинет за воени злосторства додавајќи оти „не можам да верувам дека тој дејствува во ваше име“.

    Русија негираше какви било злосторства извшени во Украина, вклучувајќи го и наводниот геноцид во Буча. Фотографиите од масовните гробници во градот веќе го обиколија светот, а беа причина за нови санкции на Западот кон Москва.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img