More

    Заменик градоначалникот на Мариупол: Три жртви во породилиште, меѓу кои и едно дете

    spot_img

    Заменик-градоначалникот на Мариупол за Би-Би-Си изјави дека три лица, од кои едно дете, загинале при бомбардирањето на породилиштето и детската болница во средата.

    Најмалку 17 лица се повредени, меѓу кои и некои трудници, пишува Би-Би-Си.

    „Сигурен сум дека знаат за оваа институција и ова е трета болница што ја уништуваат во овој град“, изјави Сергеј Орлов за Би-Би-Си.

    Тој рече дека со артилериско гранатирање претходниот ден била уништена болницата со 300 кревети во која се лекувале пациенти со Ковид.

    „Сигурен сум дека тоа се нивни мети“, рече Орлов.

    СЗО соопшти дека од почетокот на инвазијата се потврдени најмалку 18 различни напади врз здравствени установи во Украина.

    Русија инсистира украинските борци да го раселеат персоналот и пациентите од болниците и таму да постават позиции.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img