Англиската Премиерлига соопшти денеска дека натпреварите се враќаат од утре на програмата, откако претходното коло беше одложено поради смртта на британската кралица Елизабета Втора.
Премиерлигата и англиската фудбалска Федерација објавија минатата недела дека натпреварите кои беа закажани од петок до понеделник се одложуваат откако кралицата, најдолговечниот британски монарх, почина во својот дом во Шкотска на 8 септември, на 96-годишна возраст.
Одложени се и натпреварите во женската Суперлига и во пониските дивизии.
Во соопштението се наведува дека натпреварите во Премиерлигата ќе почнат со минута молчење и интонирање на британската химна.