Две пожарникарски возила утрово интервенирале во центарот на Скопје, во познатата „папагал“ зграда на булеварот Климент Охридски.
Како што објави порталот Вечер, пожарникарите пристигнале на повик на граѓани кои пријавиле дека од еден од становите во зградата почнал да се шири чад.
Противпожарната екипа навреме пристигнала и не дозволила да се случи поголема трагедија.
Според објавата на порталот, причината за пожарот наводно е заборавено тенџере на вклучен електричен шпорет.
Фото: MIA