More

    Заборавените занаети ќе добијат субвенции

    spot_img

    Јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија, се занаетчиите кои од денеска ќе може да конкурираат за субвенции на повикот што го објави Град Скопје.

    Со повикот се опфатени старите занаети и занаетчиските дејности во изумирање. Субвенциите се во висина од 10.000 денари за што во градскиот буџет се предвидени 500.000 денари преку Програмата за финансирање проекти за развој на занаетчиството, угостителството и трговијата.

    Рокот за доставување на апликациите е до 10.12.2022 година.
    – Право на учество на јавниот повик имаат: занаетчии кои не добиле буџетски средства од проекти за субвенционирање од Град Скопје во тековната година и занаетчиите кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и обавуваат занаетчиски дејности во изумирање, кои согласно обработените податоци бележат намалување на активноста во континуитет, и тоа следните занаети: јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи, производство на музички инструменти и самарџија – наведуваат од Град Скопје.

    За потребните документи и субвенционирањето, повеќе детали може да се прочитаат на https://skopje.gov.mk/media/8929/javen-povik-za-subvencii-za-zanaetgii.pdf, а информации може да се добијат и во Одделението за поддршка на развој на занаетчиство и трговија на (02) 3297-372 и 3297-328.

    – Барањето за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање до Град Скопје со комплетна документација треба да се достави во затворен плик на адреса: Град Скопје, Сектор за локален економски развој, бул. „Илинден“ бр.82, 1000 Скопје (со назнака – Пријава за јавен повик за субвенционирање на стари занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот Скопје), најдоцна до 10.12.2022 година. Исплатата на одобрените средства ќе се врши сукцесивно, според редот на пристигнати барања, по принципот „Прв дојден прв услужен“ – информира Градот.

    фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img