More

    За ВМРО-ДПМНЕ пописот не е комплетен, а иселувањето е алармантно

    spot_img

    Пописот ваков каков што е во Република Македонија покажува алармантни бројки кои што се поразителни за сите општини освен за градот Скопје, и за целата држава, особено со тоа што имаме преголемо иселување. Пописот власта сака да го покаже како успех, иселувањето покажува дека истиот е неуспех, а бројката од 7,2% неизјаснети покажува дека овој попис е некомплетен, оцени денеска Антонио Милошоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

    – Пописните бројки се показател за неуспех бидејќи има силен бран на иселувања, имаме операција спроведена со низа забелешки, и со многу политика и затоа сметаме дека секој има право да се сомнева во бројките. Не сакавме да коментираме додека не излезат официјалните бројки, но она што со сигурност може да се констатира дека и пред објавата на резултатите и за време на самата објава на резултатите, партиите од власта си играа со проценти и сѐ уште го прават тоа, што пописот многу го политизира – смета Милошоски.

    За првпат во Македонија, според него, имаме сериозна бројка од 7,2% или повеќе од 132.000 луѓе за кои што ДЗС и покрај тоа што ги има на располагање сите механизми од образование, до лични карти, матични броеви, изјаснување, по други институции, не успеал да ја дефинира припадноста на тие жители на државата.

    – Затоа сметаме дека Државниот завод за статистика не се потрудил да ги искористи податоците за да го направи овој попис да изгледа комплетен. Ваквите податоци, пописот го прават некомплетен. Имаме 7,2% коишто го бојкотирале пописот. Тоа се повеќе од 132.000 граѓани, а живеат во државата. Имајќи предвид дека дел од Македонците овој попис го бојкотираа. Бројките на ДЗС требаше да се соопштат откако ќе се дефинираше припадноста на секој жител кој не се попишал или не се изјаснил на пописот. Затоа денес имаме некомплетен попис во овој дел – објасни Милошоски, кој оценува дека во најголем дел се работи за Македонци.

    Милошоски вели дека во општина Аеродром има 5.247 Македонци кои не се попишани, во општина Ѓорче Петров има 4.450 Македонци кои не се попишани, во општина Центар 5.000, исто и во Битола повеќе од 5.000, во општина Велес 4.700 Македонци, Кавадарци 2.500, во Кочани 2.400 Македонци не се попишале, во Охрид 4.300 Македонци коишто не се попишале, во Прилеп 5.000 Македонци, во Струмица има 6.640 Македонци кои не се попишани, во Штип околу 4.400 Македонци кои не се попишале на оваа статистичка операција.

    – Само во овие неколку општини кои ги набројав има повеќе од 60.000 неизјаснети коишто стојат во таква графа, жители во Македонија неизјаснети по национална основа. И затоа според нас, овој попис во тој дел е некомплетен и грешката, недостатокот е во ДЗС – додаде Милошоски.

    Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ и покрај многуте забелешки повика на масовно попишување, но, како што рече, за жал имаше и одредени актери кои што повикуваа на бојкот и бојкотот нанесе одредена штета на податоците на овој попис, на комплетноста на овој попис и на штета на Македонците.

    – Споредбено со пописот од 2002 година има околу 200.000 граѓани кои што се иселени и сметаме дека оваа бројка е поразителна на државата, за сите општини, а особено за неуспешните економски политики на актуелната влада. ВМРО-ДПМНЕ сметајќи дека овој попис е некомплетен се обврзува по смената на власта да спроведе чисто електронски попис по сите европски стандарди кој што може да биде и комплетен, и веродостоен и да ги нема фалинките и недостатоците кои што ги имаат овие пописни бројки – вети Милошоски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img