Возач загина во сообраќајната несреќа што се случи денеска на патниот правец село Ропотово – Прилеп.
Како што информираат од МВР, во полициската станица во Прилеп денеска околу 11:40 часот било пријавено дека на регионален патен правец с.Ропотово-Прилеп се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило „ман“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.С. (33) од Битола и патничко возило „форд галакси“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Р.(71) од Македонски Брод. На местото на несреќата починал С.Р..
Увид извршиле екипа од Полициската станица Прилеп и јавен обвинител, по чија наредба на телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.