More

    Еко-свест отвори локална канцеларија

    spot_img

    Центарот за истражување и информирање за животната средина Еко-свест денеска во Вевчани отвори своја локална канцеларија, а беше потпишан и Договор за проектот „Поддршка на одржливо управување на Заштитеното подрачје „Вевчански Извори“ со организацијата ПОНТ (Prespa Ohrid Nature Trust) кој ќе се спроведува до август 2025 година.

    Целта на овој проект е да се обезбеди поддршка за одржливо управување со заштитеното подрачје Споменикот на природата „Вевчански Извори“. Со спроведувањето на овој проект ќе се изврши ефективно следење на клучните видови во Споменикот на природата „Вевчански извори“, поставување едукативни табли и патокази, воспоставување еко-патрола, едукација за биолошката разновидност, како и привлекување повеќе посетители во подрачјето.

    Извршната директорка на Еко-свест Ана Чоловиќ Лешоска рече дека овој проект се надоврзува на низата претходни успешни активности на Еко-свест, кои беа реализирани во соработка со Општина Вевчани и релевантните чинители во Заштитеното подрачје „Вевчански извори“. Еко-свест во 2018 година го поддржа донесувањето на Планот за управување со заштитеното подрачје и помогна на општината да воспостави систем за негово одржливо управување.

    Извршната директорка на ПОНТ Миријам де Конинг рече дека е задоволна од соработката со Еко-свест и дека се радува што Еко-свест ќе биде присутна преку локалната канцеларија во Вевчани, каде што активностите за заштитеното подрачје „Вевчански Извори“ ќе добијат на интензитет и видливост.

    – Проектот ќе обезбеди континуитет и ќе го поддржи спроведувањето на планот за управување со заштитеното подрачје „Вевчански Извори“ и ќе даде поддршка на Општина Вевчани во спроведување на своите активности за заштита на природното наследство – рече де Конинг.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img