Иако нејзината бременост беше со близнаци, на 18 април 2022 година, Кристијано Роналдо ги остави сите во солзи кога објави дека едното бебе починало, братчето на бебето Бела Есмералда.
На новобјавената фотографија на инстаграм-профилот на Георгина, се гледа името на малата принцеза „Бела“ и зелено срце, а на истата фотографија малечката спокојно спие. Два детали веднаш паѓаат во очи. Едниот е ланчето „Диор“, кое и стои околу вратот, а другото е детаљ кој секако ќе предизвика дебати, а тоа се обетките кои веќе му се ставени на бебето.
Иако ја делат уште неколку дена од моментот кога ќе наполни три месеци, Георгина и Роналдо на Бела веќе решиле да и ги дупнат ушите, па на фотографијата јасно се гледа малата обетка во десното уво.
На многумина им е чудно што новороденото бебе помало од три месеци има дупнати уши и носи обетки.
Георгина ја роди Бела Есмералда на 18 април 2022 година. Таа беше бремена со близнаци, но момчето не преживеа.
Ќерката Есмералда му помага на парот да се справи со големата трагедија.